Маж се удави во Охридско езеро: Пијан влегол во водата
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020
Четириесет и деветгодишен маж од Охрид се удавил во ОХридсо езеро. И покрај обидите за реанимација од итната медицинска помош давеникот не билспасен. ПОлцијата соопшти дека вчера во МВР било пријавено околу 14.20 часит дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на С.Ј. Инаку тој влегол во водата со уште тројца и биле под дејство на алкохол. С.Ј. не успеал да исплива.
„Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по штобила констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј кој бил под дејство на алкохол, и околу 14,00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, соопштуваат од МВР.