Mаж се запали во парк близу Белата куќа
Објавено во: Свет 29 Мај, 2019
Mаж се запали во Вашингтон во парк близу Белата куќа. Од противпожарната бригада на Вашингтон за Си-ен-би-си потврдија дека мажот со изгореници бил пренесен во болница.
Портпаролот на Тајната служба на САД, Џефри Адамс, изјави дека обезбедувањето на Белата куќа реагирало за миг.
Мажот е хоспитализиран и засега немаат информации за неговата здравствена состојба.
Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидл, не сакаше да го коментира настанот.
Во сличен инцидент во април, човек со моторизирана инвалидска количка се обиде да се запали пред Белата куќа, пред да биде притворен од Тајната служба. Официјалните лица сè уште не дале нова информација за состојбата на човекот.