Маж загина во невремето во Грција
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2021
Регистрирана е првата жртва од невремето во Грција.
Исчезнатиот 69-годишен маж, по кој од вчера трагаа пожарникари и специјални спасувачки тимови во село во јужниот дел на грчкиот остров Евија, денеска е пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека телото е пронајдено во речно корито, а според АНА-МПА, 69-годишниот сточар го однела водата сосе неговиот автомобил.
Силно невреме направи пустош и големи материјални штети во Грција.