25 Април, 2024
0.0350

Мажот кој го носел убиецот на Викторија од Русе до Хамбург раскажува што правеле пред злосторството

Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во ромската населба Русе, каде што живее Северин Красимиров, ноќта мирно минала по тензиите од минатата ноќ, пренесоа бугарските медиуми. Има полиција, а жандармеријата треба да пристигне во секој момент, објави бугарската Нова ТВ.

Како што објави Блиц синоќа група рокери упаднала во маалото и предизвикала паника од евентуална расправа поради убиството на Викторија Маринова. Мажи во црна облека, од кои некои иамале скриени лица застанале пред куќата на тетката на Северин, и ги барале неговите блиски.

Рано ова утро, трагите на гуми од мотоцикли сеуште се видливи на улицата.

Неговиот пријател, кој го носел до Хамбург по убиството, изјавил дека никогаш не се посомневал што направил Северин. Откако дознал многу се исплашил.

„Како нема да се грижам, мојата сопруга беше со него во седмиот месец од бременоста“, рекол Синан. 

 Тие биле заедно на роденден пред убиството. Славел негов братучед. Пиеле до 5-6 наутро. „Тој беше пијан, но не многу, тоа беше нормално“, рекол тој. 

Според неговите зборови, ништо не покажувало дека Северин можеби сторил такво злосторство.

Во германскиот град каде беше уапсен Северин, бугарските државјани биле многу загрижени поради тензиите во Русе. Меѓу нив се зборувало дека дури имало запалени куќи во ромското маало. Луѓето им се јавувале на блиски и ги советувале да не ги пуштаат децата на училиште. Луѓето таму сметаат дека Северин го извршил убиството под дејство на алкохол и дрога а збор не можело да станува за земање на пари. 

Во меѓувреме пред новинарите директорот на ОДМВР-Русе Теодор Атанасов објаснил дека утрово ситуацијата во ромското маало на градот е мирна. 

„Мислам дека ситуацијата е под контрола и нема тензии. Нема притворени лица. Засилено присуство на полицијата има во две области на Русе. 

„Немаме индикации за претстојно нарушување на јавниот ред. Сите мерки што беше неопходно да се извршат со цел заштита на јавниот ред, се извршени“, категоричен бил Атанасов.


Фото/Извор: блиц.бг

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)