19 Април, 2024
0.4850

MBA Croatia ја одржа својата прва конференција во Загреб

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

MBA Croatia  ја одржа својата прва конференција во Загреб, за тоа како да биде глобално конкурентна од Хрватска. Тоа беше стимулирачка размена на информации и идеи, објави total-croatia-news.

Го немаше Maте Римац, шампион на иновации и хрватски бизнисмен кој не само што може да се натпреварува на светската сцена, туку може и да го предводи патот.

Го немаше и Ненад Бакиќ, успешен претприемач кој, заедно со Римац, се појави на листата на „Фајненшл тајмс" меѓу првите 100 дигитални шампиони од 2018 година.

Но, имаше многумина од хрватско претприемништво од светска класа,  на првата конференција на MBA Croatia во Загреб, имаше стимулирачко попладне на два панела, дискутирајќи како бизнисите можат да бидат глобално конкурентни од Хрватска, а воведниот говор беше од Дамир Зец, лидер на IBM во Хрватска.

Но, иако го немаше Римац, претприемачкиот дух на Римац беше многу присутен, особено преку претседателот на МBA Croatia, Ацо Момчиловиќ, кој ја претстави конференцијата и нејзините говорници. Момчиловиќ, кој поминал три години во одделот за човечки ресурси во Римац автомобили, работеше напорно со своите колеги за да обезбеди платформа за претприемничка извонредност и вмрежување со МБА дипломирани студенти и студенти во Хрватска.

Oва беше прва хрватска конференција во историјата која беше прикажана во живо на англиски на интернет. 

Всушност, ако пораката на конференцијата, како и потенцијалот на хрватскиот бизнис, е да се прошири и надвор од границите на земјата, истото мора да го има и деловниот начин на размислување. 


Латвија е мала нација која прави големи чекори, а беше претставена од страна на член на одборот на Air Baltic, Николајс Булманис. Исто е и Северна Македонија, а Александар Манев имаше добри сознанија за привлекување на меѓународни стартапи и пристапи кон оданочување. Една од најпрогресивните ИТ земји во светот е Израел, а израелскиот амбасадор во Загреб, Неговата Екселенција Илан Мор, беше великодушен во споделувањето на своето знаење за тоа како Израел стана лидер на пазарот во дигиталното доба. 


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ