23 Април, 2024
0.0290

МБИ-10 е посилен од „короната“! Прочитајте зошто?

Објавено во: Економија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Иако се соочуваме со пандемија од досега невидени размери која има особености и белези со кои светот досега не се соочувал сепак мора да бидеме разумни и трезвени. Место за паника не смее да има. МБИ-10 ќе ја победи и оваа „чума“ и од тоа ќе излезе посилен. Прочитајте зошто...

COVID 19 или популарниот назив „корона вирус“ . Немало досега посериозен испит за берзите – финансиски пазари, глобално. Некои се обидуваат да ја ставаат новата хибридна војна во контекст за да овозможат споредба со големата американска криза од дваесетите години на минатиот век, со втората светска војна, со големата арапско-израелска криза од шеесетите години на минатиот век или со првиот мега светски нафтен шок од почетокот на осумдесетите години на минатиот век. Или со вадењето на видело на ѓубре обврзниците од најразлични видови и типови кои ја предизвикаа американската финансиска криза од пред 12 години која го инфицираше целиот свет. Но споредба не може да се направи. Затоа што светот досега не се соочил со здравствено-психолошко- економско глобална чума од ваков „маштаб“. Никој не може да процени колку ќе трае, како ќе се развива, кога ќе го доживее пикот? Какви последици ќе има на глобалната економија? Дали и колку држави ќе банкротира? Како ќе се формира вредноста на валутите? Што ќе биде конвертибилно материјално богатство кое ќе може да вреди и да се заменува во секој ќош на светот кој одамна е глобално село? Никој нема одговор на овие прашања...

„Короната“ силно и немилосрдно удри на сите светски големи берзи, а удри без милост и на регионалните пазари и на малите национални берзи како што е нашата. Продаваат тие што мораат, по нив тие што ги фаќа паника, а тука се и оние што мислат дека сега ќе продадат па со парите ќе купат на пониски цени... Но дали и кога ќе се вратат цените и колку ќе треба да се чека. Тоа никој сега не може да го каже со сигурност. Гледаме дека страдаат тешко пазарите со голема ликвидност и длабочина. Со многу маркет мејкери, со силни заштитни системи, со моќни и искусни институционални инвеститори.

Нашата берза одбележа 20 години постоење и битисување. Нејзино сидро и едро е МБИ-10 берзанскиот индекс кој ги групира „блу-чип“ акциите најдобрите, најдокажани, најпосакувани и најтргувани македонски акции. Индексот што секогаш е компас за инвестирање за сите кои разбираат берзанско тргување.

„Короната“ не одмина и го инфицира и нашиот берзански пазар. На годината кога ја достигна „матурата“ нашиот МБИ -10 го има најголемиот предизвик. Невидливиот непријател што го уплаши светот како ништо досега. За дваесетина дена тргување нашиот најважен берзански индекс изгуби една третина од својата вредност. Удар што секако не е за занемарување. Но верба мора да се има. Последици ќе има, но сепак се работи за најсилните десет македонски компании од тие чии акции се тргуваат на берзата, а ги има повеќе од 130.

Што е важно да се знае за десетте компании чии акции го сочинуваат МБИ-10, пред да решите да продадете?

„Алкалоид“ е еден од двата столба на кои почива МБИ-10. Најуспешната и најголема домашна фармацевтска компанија. Синоним за нашето конвертибилно богатство – морфиумот и алкалоидот од кој се добива по што и македонскиот фармацевтски гигант го добив свооето име пред осумедесетина години. „Алкалоид“ одлично работи, го зголемува извозот, добивката и секоја година остварува поголема добивка од претходната. Исто така секоја година ја зголемува дивидендата заради што и е омилен кај институционалните инвеститори. Во овие тешки околности менаџментот на „Алкалоид“ покажа одговорност за пример на сите од бизнис заедницата ги намали цените на повеќе од 150 медицински производи и лекови и пренамени производни линии од козметика за средства за дезинфекција. И да не заборавиме. Ова е време на „Алкалоид“ затоа што во време на здравствена криза не можеме без нивните производи. За „Алкалоид“ ќе има работа и во ваква криза!

„Комерцијална банка“ е вториот столб на МБИ-10, а заедно со Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка, ТТК Банка и Стопанска банка Битола една од петте банки кои го сочинуваат МБИ-10. За банките дојде специфично време. И досега тие беа клучни за нашата економија, но сега врз нив се зголемува товарот што треба да го понесат на своите плеќи. Трите најголеми наши банки, но и другите две кои учествуваат во индексот имаат солидни нивоа на адекватност на капиталот и се стабилни. Непријатни вести за нивните инвеститори се тие што сега ќе мора да се воздржат од делење дивиденда макар и додека е на сила вонредната состојба. Сега е најважно да се не создаде недоверба кај штедачите и да се зголеми повлекувањето на депозити и штедни влогови. И за тоа има начини. Ако се сочува прибраноста и довербата тогаш ќе се преброди и ова премрежје. Дури и да има поголем обем на случаи на неможност за враќање на кредитите. Тоа се решава со намалување на каматите и со репрограмирање или преструктурирање на долговите. Само да не се дозволи создавање паника. И секако државата да изнајде начин и сила да им овозможина банките да работат во пазарни услови особено сега во вонредни услови и се разбира да најде начин и средства да ги враќа своите долгови. Државата не смее да заборави дека банките ќе и бидат неоходни како квачило и ламела во автомобилот за да ја врати економијата од рецесија во раст.

„Макпетрол“ е една од најголемите компании според остварениот промет. Во овие услови на вонредна состојба може да биде еден од главните економски „буфери“ за ликвидност и влијание врз паричните токови. Акционерите не треба да се грижат зашто тоа е една од најдобрите избори за купување особено заради нејзината пазарна позиција и стратешка поставеност. Дури и за се намалат приходите и профитабилноста горивата ќе останат основа за наше функционирање. Така да треба само трпение и се ќе дојде на свое место.

Телеком е гигант на нашиот пазар чии основни деловни операции во значајна мерка не се загрозени од новонастанатата состојба. Освен одличната инфраструктура, препознатливоста на брендот на што многу се внимава и доминантната пазарна позиција оваа компанија е дел од една од европските гигантски телекомуникациски корпорации. Заради тоа малите домашни акционери во Телеком не треба да бидат особено загрижени. Дури и напротив. Можеби оваа вонредна економска состојба ќе создаде простор за поголема доминација на телекомуникацискиот пазар.

Македонијатурист реално оваа компанија е најсилно и најдиректно погодена од „короната“ од сите горенаведени фирми. Сепак и покрај тоа кај нејзините акционери не смее да има простор за паника ниту нервоза. Она што ќе мора да се направи ќе се направи, а тоа е редукција на сите расположливи човечки и технички ресурси за справување со рецесијата во дејноста. Но, нема простор за грижи затоа што „Македонијатурист“ располага со дваесетина милиони евра од кои најголем дел се чуваат во ефектива. Дело од нив секогаш можат да се најдат за да се справи со некоја несакана состојба.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик