„ME НАПАДНА ЧОВЕК ДОДЕКА СИ ПАЗАРЕВ“ – НИКОЛА ДИМИТРОВ ЗА НЕПРИЈАТНАТА СЛУЧКА: „Не кажа зошто ми се заканува“
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2024
Никола Димитров раскажа за непријатниот инцидент додека пазарел. Имено, го нападнал непознат човек, но не му кажал зошто. Случајот го пријавил, а еве што напиша Димитров на Фејсбук
Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани.
Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран
Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа.
Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира.
Должност е да се реагира.
Затоа и случајот уредно го пријавив.
Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар.
Секојдневно гледаме како просто извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите… болно ни е општеството кога насилници и силеџии сред бел ден може да се закануваат и да се силат.
фото: ФБ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.