Мечка во град нападна тројца мажи и една постара жена
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2021
Мечка влезе во град во Јапонија и повреди четворица.
Полицијата објави дека мечката нападнала тројца мажи, од кои еден е потешко повреден, и една 80-годишна жена. Двајца мажи од локалното ловечко друштво ја застрелале мечката во близина на аеродромот Сапоро, објави јапонската телевизија НХК. Жител на градот Сапоро, каде оваа година треба да се одржи олимпискиот маратон и олимписката трка во брзо одење, бил прв кој утрото ја забележал мечката на пат.
На снимките кои ги објави Хокаидо Њуз се гледа како мечката трча низ улица, преминува една сообраќајница и гребе на влезната врата од касарна, а потоа бега. фото МИА