24 Април, 2024
0.0297

Медицинска опрема и медицински кадар од „Аџибадем Систина“: Пациентите болни од ковид во новиот објект ќе се третираат по највисоки стандарди

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Подготовките да се стави во функција поранешната болница „Мала Богородица-Систина“ за хоспитализација на 100 пациенти болни од ковид се во полн ек, информираат денеска на брифинг за новинарите од „Аџибадем Систина“.

Во моментот се подготвува и техничката документација за станица за кислород која ќе биде поставена надвор од објектот со цел опслужување со кислород на пациентите кои ќе бидат хоспитализирани.

Во тек се и преговорите околу начинот на кој ќе функционира овој ковид-центар, согласно Договорот помеѓу Министерството за здравство и приватните клиники за меѓусебна соработка во борбата со Ковид-19. Во моментот се бара правно решение за издавање на дозвола за функционирањето на оваа здравствена установа како ковид-центар. Доколку правните работи бидат завршени навремено, се очекува во објектот „Мала Богородица“ првите пациенти да бидат примени од почетокот на идната недела.

Во однос на тоа кои пациенти ќе се сместуваат таму, д-р. Патриција Каламарас истакна дека ќе бидат примани пациенти со полесна и средно тешка клиничка слика.  

-Со ковид-центарот во поранешна „Мала Богородица“ ќе менаџира Министерството за здравство, односно државата, кои ќе одлучуваат кои пациенти ќе се третираат тука и каква терапија ќе добиваат. Согласно договорот ќе се третираат и хоспитализираат пред се пациенти со полесна и умерена клиничка слика, додека пациентите со потешки компликации ќе се третираат во ГОБ „8-ми Септември“ и на Клиниката за инфективни болести, рече д-р. Каламарас.

Капацитетот на објектот „Мала Богородица“ e 100 болнички легла, а освен просторот, „Аџибадем Систина“ на располаѓање става и медицинска опрема и медицински кадар. Пациентите кои ќе се третираат во објектот ќе добијат услуги на исто ниво како што добиваат и пациентите во овие две приватни здравствени установи. Секоја болничка соба ќе биде опремена со максимум два болнички кревети, клима уред, безжична интернет конекција, телевизор и посебна бања.

Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници за оваа намена, според утврдениот ценовник од ФЗОРСМ изнесува 100 евра од ден по пациент, додека трошоците за тоа се доста поголеми. Имено, приватните болници освен што медицински ќе го опремат просторот ќе обезбедат и заштитен материјал, основни медикаменти, плати за лекарите и медицинскиот персонал кој ќе работи таму, лабораториски анализи на дневно ниво, како и немедицински потрошен материјал (струја, вода, чаршави, крпи и храна за пациентите), а ќе треба да се набават и дополнителни рендген и ехо апарати. Првичната инвестиција изнесува околу 600.000 евра.

Во овој ковид-центар ќе работат 5 доктори, 30 медицински сестри, 8 болничари и друг медицински персонал, 8 лица за обезбедување, 6 лица администрација и 12 лица болнички персонал. Најмногу кадар ќе обезбедат „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ зависно од тоа колку средства добиваат согласно договорите склучени со ФЗОРСМ, а двајца доктори ќе назначи Министерството за здравство. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска