29 Ноември, 2024
0.0398

„МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ НЕ СЕ ТРОШОК, ТУКУ ИНВЕСТИЦИИ“: Бешлиоска со остра реакција по најавата оти некои ординации ќе работат без нив

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Нема да прифатиме ниту една ординација ниту за преоден период, ниту за 24 месеци, ниту за две минути да функционира без медицинска сестра, истакна денеска сестра Гордана Бешлиоска, претседател на Унијата на ЗМАСТАС предводена од Здружението „За нас“ за одлуката со која во следните 24 месеци лекари во мали места ќе можат да работат без медицински сестри.

- Медицинските сестри не смеат како професија на ваков лесен начин да бидат нерешени. Имате можност да го распишете конкурсот и да ги вработите како дел од јавниот здравствен систем. Се работи за осум ординации. Ако се работи за пациенти кои се помалку од две илјади, тоа се можеби над 8 илјади корисници на здравствени услуги во тој дел. Има начини и решенија со кои може на медицинските сестри достоинството да им биде задржано како што треба. 

Сметаме дека ова е непристоен предлог од Здружението на приватните лекари кој е атак на целокупната сестринска професија и на целокупниот здравствен систем - рече Бешлиоска пред одржувањето на вториот симпозиум на Друштвото на медицински сестри – инструментарки при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема: „Тимската работа на инструментарките во кадаверичната трансплатација“.

Таа потенцира дека разочарувачки е ставот на Здружението на приватните лекари од кој добиле впечаток дека, како што рече, медицинските сестри ги доживуваат како трошок. 

- Она што е многу разочарувачки е ставот на приватните лекари, односно на Здружението на приватните лекари каде добивме впечаток дека медицинските сестри ги доживуваат како трошок. Медицинските сестри не се трошок. Медицинските сестри се инвестиции и во нив треба да се инвестира, бидејќи инвестицијата во нив е инвестиција во здрава нација. Медицинските сестри не се пиши - бриши и не се само бројки. Пристапот не смее да биде таков – дека сме имале конкурси на кои не се пријавиле и да не бараме дополнителни други решенија - рече таа.

Бешлиоска информира дека разговарале со директорот на Фондот за здравствено осигурување и очекува да бидат повикани на средба наредната недела и потоа да го кажат својот став што ќе се одлучи на таа средба.

- Ние разговаравме со директорот на Фондот за здравствено осигурување. Тој апсолутно ја прифати нашата реакција и рече дека врз основа на неговите можности, на неговата агенда во текот на наредната недела по нашето побарување кое ние го испративме ќе обезбеди можност и термин за Унијата и здруженијата да се видиме и да ги понудиме нашите решенија за овие состојби за кои што тој пренесе дека се исклучително осетливи затоа што во овие рурални средини, наводно, на повеќе распишани конкурси немало пријавување на медицински сестри. Меѓутоа, ние имаме решенија да ги понудиме од типот дека постојат разни услови и начини на кои тие конкурси можат да се обноват, па овие пациенти да не ги оставиме во овие средини без медицинските сестри кои фундаменталното ниво во професијата за испорака им е нормално напредување на здравјето, спречување на болестите, превенцијата- рече таа.

Бешлиоска наведе и дека тие имаат искуства и од регионот и од Европа.

 - Во овој момент сме во еден проект, кој што сакаме да го пресликаме од словенскиот проект и од образовен и други аспекти кој одговара на нашиот здравствен систем каде што толку многу се инвестира во медицинските сестри, во образованието и субвенционира во нивните напреднати методи за да бидат независни во овие рурални средини и да работат како такви, а не да ги избришеме и да не постојат во превентивниот систем - вели Бешлиоска.

На 26 ноември беше донесена одлука следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов

ЛЕВИЦА: Иако имале информации за дестабилизација - властите тотално потфрлија

ЛЕВИЦА: Иако имале информации за дестабилизација - властите тотално потфрлија

„ДИРЕКТНО ПОТКОПУВАЊЕ НА ЗАЕДНИШТВОТО НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ“: Сиљановска Давкова за палењето на македонското знаме

„ДИРЕКТНО ПОТКОПУВАЊЕ НА ЗАЕДНИШТВОТО НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ“: Сиљановска Давкова за палењето на македонското знаме

РЕАКЦИЈА ОД СРПСКАТА АМБАСАДА: Maшко лице обвиено со албанско знаме ја остранило таблата на српскиот конзулат во Куманово

РЕАКЦИЈА ОД СРПСКАТА АМБАСАДА: Maшко лице обвиено со албанско знаме ја остранило таблата на српскиот конзулат во Куманово

СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА, ПОКРЕНАТА ПОСТАПКА И ПРОТИВ МАЛОЛЕТНИК - за предизвикување меѓунационална омраза

СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА, ПОКРЕНАТА ПОСТАПКА И ПРОТИВ МАЛОЛЕТНИК - за предизвикување меѓунационална омраза

МИЦКОСКИ: Не мрдаме од црвената линија и ние како Влада не можеме повеќе од ова да направиме

МИЦКОСКИ: Не мрдаме од црвената линија и ние како Влада не можеме повеќе од ова да направиме

ВНИМАВАЈТЕ: Гостиварка пријавила интернет измама

ВНИМАВАЈТЕ: Гостиварка пријавила интернет измама

КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД - се терети за повеќе злупотреби

КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД - се терети за повеќе злупотреби