„МЕДО БЕШЕ ЛЕГЕНДА, ПОЧИВАЈ ВО МИР“: Почина Горјан Тозија
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2022
Другари, пријатели, колеги, граѓани од утрово да се простуваат од Горјан Тозија - Медо.
Почина долгогодишниот филмски продуцент, поранешен директор на Агенцијата за филм.
Тој беше и државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.
Имаше 68 години