Медведев: САД сака да го закопа рускиот гасовод за свој бенефит
Објавено во: Економија 22 Септември, 2017
Рускиот премиер Дмитри Медведев упати остри обвинувања кон САД кои според него сакаат да ги „закопаат“ сите руски гасоводи кон Европа и да наметнат свој систем на снадбување со цел да го контролираат енергетскиот пазар и да ја уништат руската економија.
- Најпрагматична е позицијата на САД, кои сакаат да го закопаат проектот „Северен тек“ со сите легални одлуки, инструменти, санкции, да имаат неповратно влијание врз Европската Унија, посочи Медведев при средбата со финскиот колега Јуха Сипила.
Проектот за гасоводот Северен тек 2 треба двојно да ги зголеми постоечките капацитети со 110 милијарди кубни метри гас годишно. Гасоводот досега се соочи со тешки противења од Полска и Балтичките земји.
САД претстави алтернативa на достава на гасот со нивни капацитети што би донело огромен финансиски бенефит, но тука ќе се загрози интересот пред се на Германија чија економија зависи од евтиниот енергетски импут.