16 Јули, 2025
0.0306

МЕЏИТИ КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА АРСОВСКА: Која општина нема дивоградба?

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2025 14:19

Добивај вести на Viber

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска веќе подолго време објавува за криминали со дивоградби во општина Чаир, се огласи вицепремиерот Изет Меџити, кој во интервју за ТВ 24, рече дека таа треба да одговори за хаосот во градот и екоцидот што му го прави на Скопје. 

Меџити нагласи дека Арсовска не направила ништо за Чаир а наплаќа даноци од тамошните граѓани.

Она сработила за ДУИ и Беџети. Кога сме веќе тука, има податоци. На ниво на државата има над 200 илјади дивоградби, а Чаир учествува само со 1,6% и не може да биде лидер во тоа. На ниво на Град Скопје, Чаир е шеста општина по дивоградби. Ја повикавме за Сарај, ама се вадеше дека општината е надвор од градот. Не е точно. Ја прашавме и за Шутка и тогаш пак добивме одговор дека нема надлежности, рече Меџити.

Тој смета дека градоначалничката нема основа за напади, иако поднесе официјални документи до Основното јавно обвинителство.

-Која општина нема дивоградба? Нема згради во Карпош, Центар, другите општини?…праша вицепремиерот и повторно и упати прашање на Арсовска зошто не доаѓа во контрола на објектите кои ги гради пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.



Можеби ќе ве интересира

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд