МЕГАН ГО ПРОМЕНИ: Нема алкохол и цигари за принцот Хари
Објавено во: Стил 06 Мај, 2018
Принцот Хари и Меган Маркл наскоро ќе стапат во брачните води, а пред тоа принцот направи огромна жртва, смени од корен некои навики кои му го променија животот на подобро.
Според „Дејли мејл“, Хари ѝ се придружил на Меган во здравиот начин на живот. Тоа вклучувало цедени сокови и исфрлување на сите видови јагленихидрати и на грицки од исхраната.
Тој ослабел седум килограми.
„Меган му прави смути од овошје и зеленчук, а, исто така, му го исфрли и месото“, вели извор за „Дејли мејл“.
Покрај здравите оброци, Хари редовно оди во теретана изминатов период. Ангажирал личен тренер и речиси секој ден е во сала во седум часот. Според „Вог“, откако Меган се преселила во палатата Кенсингтон, Хари престанал да пуши и пие алкохол.
Свадбата е на 19 мај.