МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците
Објавено во: Економија 23 Ноември, 2024
Најновиот проект во областа на транспортот, железницата со стандардна ширина на колосек (Standard Gauge Railway), во Танзанија, некои аналитичари ја опишуваат како пресвртница за Африка. Оваа пруга минува низ зачудувачки пејзажи, поврзувајќи ги Танзанија, Бурунди, Руанда, Уганда, Демократска Република Конго и Замбија.
Електрификуваната железница го намалува времето на патување меѓу пристаништето Дар ес Салам и Морогоро на околу два часа, додека претходно на старата железница траеше пет часа, а со автомобил четири часа.
- Тоа е најдолгата железница која започнува од источниот дел на земјата, од Дар ес Салам, а се поврзува сè до езерото Викторија, поврзувајќи го најголемиот град и економскиот центар на земјата со вториот по големина град, изјави економистот Вилијам Калаге за ДВ.
Проектот вреден 3,1 милијарди долари е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Танзанија, изграден од турската фирма Јапи Меркези. Според Вилијам Калаге, проектот првично бил дочекан со широко распространет скептицизам во Танзанија.
– Кога беше донесена одлуката имаше многу скептици внатре и надвор од владата, кои веруваа дека пред се е прескапо – рече тој.
Масања Кадогоса, извршен директор на Tanzania Railways, неодамна рече: „Ако не го користиме, ќе го користат милијардери од други земји. Ние мора да бидеме првите што ќе имаат корист од оваа железница“.
440km electric train system in Tanzania that has cut down 10 hours journey into merely 4 hours.
— Zulfiqar Ahmed (@ZulfiqarAhmed69) November 11, 2024
A $3.1 billion project.
Leadership: president Samia Suluhu Hassan pic.twitter.com/rNIsUWTlYg
Мега проект со економски потенцијал
Танзаниските власти тврдат дека новата железница ќе отвори нови работни места, ќе ја подобри ефикасноста на пристаништето и ќе ја зајакне трговијата на национално и на меѓународно ниво.
- За Африка ние сме единствената земја која ја гради најдолгата пруга по пристапна цена. Ова ни дава економска предност - изјави заменик министерот за транспорт Давид Кихензиле.
Најголемиот предизвик, сепак, е да се обезбеди дека мега проектот е завршен и ефикасно управуван за поддршка на економската активност во Танзанија и пошироко.
- Една од работите што треба да ги направи Танзанија е да развие техничка експертиза за одржување на железничкиот проект што го гради - рече инженерот Џексон Секаси за ДВ. Инженерите мора да бидат обучени за подобро управување со проектот, додаде тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.