24 Април, 2024
0.0264

МЕЃУНАРОДЕН КОЊИЧКИ ТУРНИР “СКОПЈЕ 2018“ МЕМОРИЈАЛЕН КУП “Д-Р ЈОСИФ НАУМОВСКИ“

Објавено во: Мои пари 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Федерацијата на коњички спортови на Република Македонија, со поддршка на Град Скопје, Агенција за млади и спорт и компанијата ВИВАКС, како генерален спонзор на настанот, на 13–ти и 14-ти Октомври (сабота и недела), организираат спортска манифестација, Меѓународен коњички турнир „Скопје 2018“- меморијален куп “Д-р Јосиф Наумовски“.

ВИВАКС, најголемиот производител на природни овошни сокови во Македонија, под брендот ВИВА, е генерален спонзор на меморијалниот куп „Д-р Јосиф Наумовски“ и на целокупната спортска манифестација. Како општествено одговорна компанија, ВИВАКС е долгогодишен поддржувач на спортските настани од овој тип и активно учествува во зголемувањето на популаризацијата и свеста за јавачкиот спорт во Македонија.

Терените на хиподромот во Маџари овие два дена ќе бидат домаќини на натпреварувачи од повеќе земји, а помеѓу натпреварувачите ќе настапи и македонскиот претставник Лука Заложник, кој е голема надеж за овој спорт во Македонија и е наш претставник на ЛОИ 2020 во Токио.

Меморијалниот куп “Д-р Јосиф Наумовски“ името го доби во знак, чест и признание на извонредно големиот вљубеник во коњичкиот спорт и еден од најголемите спортски работници и активисти, кој имено, целиот свој животен век го посвети на развојот, афирмацијата и популаризацијата на коњичкиот спорт во и вон границите на Македонија. Човек кој по професија беше еден од врвните кардиолози- интернисти во државата, со своите дела како спортист и вљубеник во овој спорт, до последниот ден активно придонесува за развитокот на коњичкиот спорт.

Почетокот на турнирот е во 11 часот, а во програмата се предвидени шест натпревари, по три во текот на двата дена. Јавачите ќе се натпреваруваат во прескокнување на пречки во височина од 1 до 1.30 метри. Натпреварите се организирани според меѓународните стандарди за коњички натпревари, во организација на Федерација на коњички спортови на Република Македонија.

Манифестацијата е од јавен карактер и влезот на истата е слободен.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка