20 Април, 2024
3.5208

Меѓународниот балкански универзитет со стипендии за најуспешните матуранти во соработка со Универзитетот Аџибадем од Турција и Аџибадем Систина

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Меѓународниот балкански универзитет ќе додели стипендии за најдобрите матуранти за студии во соработка со престижниот Универзитет Аџибадем од Република Турција и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Стипендиите се движат од 50 до 100 отсто од целосната школарина во зависност од постигнатиот просечен успех во средно образование, а се однесуваат за Факултетот за дентална медицина и студиската програма Дентална медицина (студии во траење од 5 години) и Високата медицинска школа со студиските програми Медицинска сестра и Акушерка (во траење од 3 години).

Стипендирањето на најдобрите матуранти за Меѓународниот балкански универзитет претставува проширување на општествено одговорната функција, освен како образовна установа што создава квалитетни кадри, во давање директен придонес кон унапредување на македонското здравство преку обезбедување високообразовани професионални кадри на најдобриот приватен универзитет во земјава кој според последните податоци од Државниот завод за статистика за академската 2020/2021 година има најмногу студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата.

“Обезбедувањето стипендии за матурантите за нас претставува начин да се отворат можности за врвно образование и квалификуван кадар кој ќе има прилика да се едуцира во модерен универзитет, со современо опремени лаборатории и врвни професорски кадри. Со достапноста на напредно медицинско знаење верувам дека создаваме трајни вредности за идните здравствени работници и директно придонесуваме за унапредување на македонското здравство. Особено е важно што оваа визија ја имплементираме во соработка со светски докажаната групација Аџибадем”, вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.

Стипендирањето на најдобрите матуранти е овозможено во соработка меѓу Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Аџибадем од Турција и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Пријавувањето за стипендии е во тек и ќе трае до 22ри септември, а повеќе информации се достапни на линкот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга