Меѓународниот организиран криминал прави 658 милијарди евра
Објавено во: Свет 25 Јули, 2013
Според проценката на агенцијата од Обединети нации-ОН, меѓународниот организиран криминал прави 658 милијарди евра од трговија со дрога, луѓе и сајбер криминал.
- Тие имаат 870 милијарди долари годишно,тоа е огромна сума на пари. Тоа ги мотивира криминалците. Парите, за да бидат влијателни и да добијат одреден статус на моќ - рече шефот на канцеларијата на ОН за борба против дрогата и криминалот, Рус Јури Федотов.
Тој нагласува дека околу 20 милијарди долари е износот од тргување со загрозени животински и растителни видови.
Една третина од светската популација има пристап на интернет, а сајбер криминалот се повеќе ја загрижува полицијата.
Годишните приходи поврзани со кражба на интернет се проценува на неколку милијарди долари годишно, според висок претставник во ОН.
.