25 Април, 2024
0.0367

Мекафи: Владите се плашат од биткоинот од проста причина

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Џон Мекафи, поранешниот сопственик на софтверската компанија McAfee, има своја теорија зошто владите на многу земји низ светот се противат за критповалутата биткоин, па причината за тоа е многу едноставна.

„Нашите даноци на приход се најголемиот извор на промет за секоја влада, но ако секој користи Биткоин, тогаш владата нема да знае колкав е вашиот приход. Тие нема да може да ве оданочат и ако одберете да кажете дека нема што да пријавите во даночната служба нема никој да докаже колкав е всушност вашиот приход,“ вели Мекафи.

Експертот за сајбер безбедност смета дека без оглед што ќе преземаат властите не постои закон или легислатива што ќе го спречи Биткоинот или било која друга критповалута, затоа што не постои таква технолошка можност. Тој вели дека не е против државна регулација на криптовалутите бидејќи така ќе се воведат значајни правила што е подобар избор од забрана. 

Исто така предупреди дека и во светот на криптовалутите постојат измами, особено со рапидниот раст на нови „марки“ кои ветуваат брза заработка за инвеститорите, а всушност може да нанесат огромна штета.

Мекафи тврди и дека до 2020 година вредноста на Биткоинот ќе изнесува неверојатни 500 илјади долари.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст