19 Април, 2024
0.0351

МЕКСИКО, ГРЦИЈА, ИЛИ ГЕРМАНИЈА: Земји каде луѓето работат најмногу часови

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Мексиканците се нација која работи подолго од било кој друг. Германците, од друга страна, имаат најмалку работни часови.

Новите податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), чии 35 членови вклучуваат голем дел од развиениот свет и некои земји во развој, покажа дека просечен Мексиканец троши 2.255 часа на работа годишно - што е еквивалентно на околу 43 часа неделно.

Грците работат најмногу часови во Европа, во просек 2.035 часа годишно.

На другиот крај од листата, германските работници имаат релативно скромни 1363 часа годишно. Тоа е 892 помалку часа од Мексиканците поминати на работа годишно.


Работниците во САД се во средината на листата со 1.783 часа.

Различни работни култури

Различни културни ставови и социо-економски фактори играат клучна улога во бројот на часови што работодавачите ги очекуваат од работниците.

Во Мексико, долготрајните стравувања за невработеност, заедно со лабави закони за работни односи, значат дека максималната работна недела од 48 часа ретко се применува.

Во трето позицираната Јужна Кореја, подолгото работно време беше дел од напорите за зајакнување на економскиот раст.

Меѓутоа, по загриженоста во врска со социјалните проблеми, вклучувајќи ја и ниската стапка на наталитет и забавувањето на продуктивноста, претседателот Мун Џеј-ин доведе до притисок да го намали работното време на земјата и да им даде на работниците "право на одмор".

Во Јапонија пак работникот поминува 1713 часа годишно работејќи што е под просекот на ОЕЦД.

Ова може да биде изненадување во однос на репутацијата на земјата за работна култура, што доведе до повици до владата да наметне ограничување на прекувремена работа.

Помалку часа, поголема попродуктивност

И покрај тоа што ужива најкратко работно време меѓу земјите-членки на ОЕЦД, Германија успева да одржува високи нивоа на продуктивност. Всушност, просечниот германски работник е 27% попродуктивен од неговиот или нејзиниот британски колега.

Холанѓаните, Французите и Данците, исто така, работат во просек помалку од 1.500 часа годишно. Само 2% од вработените во Данска - кои уживаат во рамнотежата на најдобриот биланс на работниот и приватниот живот во светот - се ставаат во најдолги часови во споредба со просекот на ОЕЦД од 13%.


Извор: weforum.org

Можеби ќе ве интересира

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“