Меланија Трамп како на фотосесија на Кинескиот ѕид
Објавено во: Стил 11 Ноември, 2017
Меланија Трамп, првата дама на САД, имаше ексклузивна приватна прошетка на Кинескиот ѕид, која и ја обезбедија кинеските државни власти по повод посетата на американскиот претседател Доналд Трамп.
И додека американските медиуми дадоа лоши оценки за настапот на Трамп кој потклекна пред шармот на кинеските домаќини, за стилот на Меланија имаат најпозитивни коментари.
Трамп посочи дека повеќе не ја обвинува Кина за неправедните трговски договори кои ја ставаат американската економија во неповолна положба и даде најголеми комплименти за кинескиот претседател Ши Џипинг.