25 Април, 2024
0.0276

МЕЛНИЧАРИТЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЖЕТВАТА

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, по Одлуката на Владата на РМ за враќање на стариот Правилник за маркички за увозно брашно и по одржаниот состанок, на којшто беше разгледана истата, заклучи да побара итна средба со претставници од сите релевантни институции, со цел решавање на долгогодишните проблеми пред почеток на овогодинешната жетва.

Како резултат на погрешните политики кон мелничарството од страна на претходните влади, овој сектор постепено се уништува, а со тоа последици трпат и индивидуалните производители на пченица, беше истакнато на денешната прес-конференција на Групацијата, во Комората.

По неколкуте дописи и укажувања до надлежните институции, дојде до измена на четирите правилници, со што се чинеше дека работите конечно ќе се стават во ред. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто  даде ветување дека ќе ги заштити мелничарството и земјоделците. Со оглед на тоа што овој сектор опфаќа 30.000-40.000 луѓе, мелничарите сметаат дека не требаше да се попушти на притисоците од српската страна. Статистичките податоци укажуваат на зголемен увоз на брашно од соседството, наместо истиот да се намали. Целта на измената на правилниците и воведувањето на маркички не беше да се стопира увозот на брашно, туку да се стави ред на домашниот пазар, сметаат мелничарите. Се поставува прашањето како да се продолжи понатаму со оглед на најавите од страна на ресорното Министерство дека целосно ќе се укинуваат маркичките и ќе се увезува храна без контрола (поради заемно прифаќање на фито-анализите).

Поддршка на ваквите барања и иницијативи дадоа и индивидуалните производители кои земаа учество во работата на новоформираното здружение. Последните години пченицата е со лош квалитет, а проблемот ќе мора итно да се решава пред да започне жетвата. Решение мора да се најде во најкраток можен рок, бидејќи Србија годинава има рекордни приноси на пченица, цената на брашното во моментот е 12,5 ден/кг и се очекува цена на лебното жито од 6-7 ден/кг.

Македонија беше лидер во мелничарството пред десетина години, но поради лошите политички одлуки дојде до пад на приносите, квалитетот, цената и сл.

Потребно е да се преиспитаат и субвенциите кои се даваат на производителите, прашањето со семенскиот материјал, пестицидите и сл., но и да се размислува за склучување договори помеѓу мелничарите и производителите за гарантиран откуп. Субвенциите се прераспределуваат на погрешен начин, а кога ќе „легнат“ парите на сметка кај производителите, тие само отплаќаат долгови. Србија и понатаму при извоз од РМ пратките ги става под царински надзор, поради што е потребно да се возврати и тоа со контрола од страна на фитосанитарен инспектор на македонската граница.

Искуството на мелничарите е дека кога и да се договори нешто со институциите, на крајот договореното не се исполнува. Пченицата и брашното треба да се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто, брашното и законски да се третира како земјоделски производ и истото да се субвенционира. Земјоделците немаат добра семенска пченица, па затоа немаат сметка и да сеат, додека домашните мелничари се принудени се` помалку да мелат и наместо тоа, увезуваат брашно. Државата треба да се изјасни дали и` е потребно производство на пченица и како истото да се субвенционира.


Можеби ќе ве интересира

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко