Мемеди: Ако платформата е противуставна тогаш притворете не, а не да барате нови избори
Објавено во: Македонија 26 Април, 2017
Ако заедничката декларацијата на албанските партии е противуставна тогаш притворете нè, а не да барате нови избори, изјави пратеникот на Алијансата за Албанците, Весел Мемеди денеска во Собранието.
„Ниту вие ниту вашите бетмени да не ја бранат државата. Вие што помалку ја браните Македонија тоа подобро, помалку шамари ќе добие државата. Ако декларацијата е против уставна, го нарушува суверенитетот на државата тогаш треба да покренете постапка и да нè затворите, а не овде да не држите. Наместо да го направите ова, вие барате нови избори“ - рече Мемеди.
Тој овие пораки ги упати до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Конститутивната седница и денеска трае.