25 Април, 2024
0.0297

Менаџментот на ТКП донесе одлука за солидарност, менаџерите ќе примаат минимална плата, a разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност COVID-19

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Одбор на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) донесе одлука на целокупниот менаџмент во компанијата за месец април да му биде исплатена минимална плата во висина од 14.500 денари. Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од СОVІD -19, минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности - раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал.

Со донесената одлука исто така се утвдува  разликата до целосниот износ на плата, односно паричен надоместок за менаџерскиот тим да бидат уплатени на посебната наменска сметка на солидарниот СОVІD -19 фонд кој е формиран од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Поради настанатата ситуација, а во согласност и со препораките и мерките на Владата за справување и спречување на ширењето на болеста COVID-19, донесена е одлука согласно одредбите од Колективниот договор со Синдикатот на ТКП, дел од вработените, администрација, заради намалување на трошоците во друштвото, да користат платен вонреден одмор. Притоа,  за администрацијата тој ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од Погон Тутун ќе трае 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќан надоместок на плата од 80% согласно одредбите Колективниот договор и Законот за работните односи.

Тутунскиот комбинат од Прилеп, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, за првпат по речиси две децении минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари. Како одговорна компанија ТКП ги повикува и останатите компании во државна сопственост во моменти кога е потребна солидарност да го сторат истото.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка