„Мене 8 март ми е секогаш кога ќе ми дојдат децата“: Оваа баба знае се за живот на село, за друго нема време
Објавено во: Балкан 08 Март, 2019
Мене 8-ми март ми е секој пат кога ми дојдат децата. Ова е коментарот на баба Миломирка на денешниот празник, покажувајќи ги фотографиите од синовите, ќерките, внучињата, правнуците...Има повеќе од 30 потомци и повеќето се во странство.
-Ги одгледав своите седум деца и два внуци од ќерка бидејќи таа работеше во Германија и сите се како мечиња. Никогаш на лекар не сум ги носела, им топам шеќер, млеко, ги моткам во облоги и тие веднаш ќе престанат да кашлаат и веднаш ќе поруменат како ружи - вели Миломирка Вуклишевиќ од село Кола, Бања Лука, пишуваат српските медиуми.
За борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените знае малку, но за тешкиот живот во селото знае се.
-Од сонце до Месечина во раце ми е или српот со кој жнеам или мотиката со која копам. Сеам грав, компир ...Се имам, од свињи, крави, овци, јагниња ...наведува таа.
Има 83 години, родила седум деца дома, а на доктор вели, никогаш не отишла.
Иако денес се други времиња и свеста на жените за одење на лекар се изменија можностите на многумина не им дозволуваат да ги реализираат, велат во Здруженијата на жени.
Жените на село се формално рамноправни, но во реалноста се без политичко влијание, без имот, без социјални и здравствено осигурување, слаб пристап на информации, пишува N1 додавајќи дека немаат ниту време да одат на лекар.
И постојат уште многу причини поради што се една од најмаргинализираните групи во босанскохерцеговското општество.
FOTO: N1 / SCREENSHOT