28 Март, 2024
0.0257

МЕПСО демантира дека има конфликт на интереси со договорот за користење диретен интернет пристап со неограничен трансфер

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во целост ги демантираме паушалните оценки објавени на некои портали дека има конфликт на интереси во врска со договорот за користење диретен интернет пристап со неограничен трансфер склучен меѓу МЕПСО и „Неотел“. Согласно законската регулатива не постои  конфликт на интереси кај Сашо Василевски, претседателот на Управниот одбор на МЕПСО ниту кај Трајче Черепналковски, членот на Надзорниот одбор на МЕПСО, наведуваат оттаму. 

„Неотел“ е избран во транспарентна тендерска процедура во која критериумот бил најниска цена.

Черепналковски не е член на управувачките органи на МЕПСО туку е член на Надзорниот одбор кој ја одобрува работата на Управниот одбор. Надзорниот одбор не учествува до одлучување по тендери ниту пак се информира за тендери и други активности кои се во рамки на оперативното работење на МЕПСО.

Изнесувањето невистини има за цел дезавуирање на јавноста и е неуспешен обид за негативно влијание врз имиџот на МЕПСО. Во склучениот договор не постои конфликт на интерес.  Во тендерската документација, согласно законската регулатива,  е дефинирано што е  конфликт на интерес. Тоа значи дека носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Исто така во во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

 Што се однесува пак до компаниите кои можат да конкурираат на тендер, согласно законската регулатива не се дозволува учество на тендер на фирми кои имаат има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.Законот дозволува право на достава на понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.

Тендерската документација е достапна на веб страницата на МЕПСО на следниот линк

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“