24 Април, 2024
0.0261

МЕПСО вложува 4,6 милиони евра во трафостаницата „Дуброво“

Се заменува со нова опрема која е во функција 40 години во системски најважната трафостаница во македонскиот електропреносен систем, модернизацијата е предвидено да трае до 3 години

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица „Дуброво“ при што ќе биде заменета со нова опрема што е во функција од 1977 година до сега. По тој повод во работна посета на „Дуброво“ денеска беа: министерот Горан Сугарески (највисок  претставник на Министерството за транспорт и врски - новиот акционер во МЕПСО), Сашо Василевски , генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Сашо Стефановски и Борко Алексоски, членови на Управниот одбор на МЕПСО.

Овој комплексен проект опфаќа замена на примарна опрема (прекинувачи, разделници, струјни и напонски мерни трансформатори) како и ревитализација на секундарната опрема на 400 kV и на 110 kV напонско ниво која вклучува: испорака и инсталација на системи за релејна заштита, далечински надзор и за управување како и системи за AC/DC развод и нов систем за мерење електрична енергија.

Министерот Сугарески истакна дека овој комплексен проект  означувапочеток на голем инвестициски циклус во електроенергетскиот сектор во вредност од преку 70 милиони евра. 
- Со сите овие планирани инвестиции ќе овозможиме стабилен енергетски сектор во Република Македонија. Европската банка за обнова и развој и понатаму останува значаен партнер на Република Македонија, поддржувајќи нè во инвестициите за изградба и реконструкција на електропреносната мрежа, со кредитна рамка која надминува 30 милиони евра, истакна министерот Сугаревски.

-За оваа постројка електроинженерите велат дека е срцето на македонскиот електропреносен систем и тоа само за себе кажува какво е нејзиното значење. Нашата цел е да замениме со нова опрема што е во функција веќе 40 години. Дополнително и многу важно е тоа што овој проект ангажира и домашни ресурси и значаен дел од инвестицијата ќе влезе и во македонската економија преку ангажманите на фирми подизведувачи, снабдувачи и ангажманите на стручни лица од различни профили, потенцираше Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО во работната посета на трафостаницата „Дуброво“.

За реализација на овој проект на меѓународен тендер лани за најповолен понудувач е избран конзорциумот: „Сименс“ Република Србија и „Сискон“, Република Македонија. Вредноста на договорот е 4,6 милиони евра, а се финансира од сопствени средства на МЕПСО, од кредит од Европската банка за обнова и развој и од грант од Европската комисија. Ревитализацијата на ТС „Дуброво“ планирано е да трае три години. Реализацијата на овој проект ќе обезбеди зголемена сигурност и доверливост во работењето со високонапонската опрема, мониторинг во реално време, навремено детектирање и превенција на дефекти и оптимализација во управувањето со електропреносниот систем.

Трансформаторската станица „Дуброво“ од системски аспект е еден од најважните енергетски јазли во македонскиот електропреносен систем затоа што го поврзува најголемиот производствен капацитет РЕК „Битола“ со најголемиот конзумен регион Скопје. Во оваа трансформаторска станица се вмрежуваат и интерконективните 400 киловолтни далекуводи кои нашиот систем го поврзуваат со електропреносните системи на Република Бугарија и на Република Грција.

Новиот среднорочен инвестициски циклус во преносната мрежа, кој е вреден над 70 милиони евра и вклучува: далекувод што ќе ги поврзе електропреносните системи на Република Македонија и на Република Албанија, изградба на нова 400/110 киловолтна трагостаница во близина на Охрид, реконструкција на четири трафостаници од преносната мрежа, набавка на системи за релејна заштита за уште четири други трафостаници и проекти за изградба на шест нови 110 киловолтни далекуводи во преносната мрежа.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот