МЕРКЕЛ: Добро сум не грижете се
Објавено во: Свет 11 Јули, 2019
Германската канцеларка Ангела Меркел, по нејзиното повторно тресење уверуваше дека е добро и дека нема простор за паника.
Таа тоа го изјавила неколку минути по средбата со финскиот премиер Анти Рине, односно веднаш по нејзиното неконтролирано тресење, пренесе Франс прес.
„Добра сум, не грижете се“, изјавила Меркел, која наредната недела полни 65 години.
Инаку, Меркел вчера попладне по трет пат за месец дена се тресеше неконтролирано.