28 Март, 2024
0.0280

КАНЦЕЛАРКАТА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ВЕРНИТЕ ДРУГАРЧИЊА: Како Меркел ги губи европските партнери?

Објавено во: Свет 22 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Канцеларката Ангела Меркел ги губи еден по еден најверните европски партнери: Во Италија - поради избори во Шпанија - поради спорот околу Пучдемон, а во Велика Британија - поради Брегзит , пишува Кристоф Хаселбах во анализа за бугарски Дојче Веле.

Унгарија

Унгарија веќе неколку години не е меѓу блиските партнери на канцеларката. Унгарскиот премиер Виктор Орбан е еден од најистакнатите критичари на нејазината миграциона политика. Орбан е лидерот на оние држави од Централна и Источна Европа, кои се противат на бараното од Меркел распределување на бегалците. Орбан сака етнички хомогена Унгарија и поголема моќ за националните држави наместо Брисел. Ангела Меркел му честиташе на неговиот реизбор, но тоа беше чисто протокол. Партијата на Орбан "Фидес" е член на фракцијата на ЕПП во Европарламентот, но меѓу Меркел и Орбан постојат огромни идеолошки разлики. Затоа Ангела Меркел е свесна дека Виктор Орбан нема да биде нејзин сојузник во годините што доаѓаат.

 Шпанија 

Тоа е сосема друг случај на Шпанија. Земјата, управувана од конзервативецот Маријано Рахој, беше еден од најдобрите тесните европски сојузници на Германија. Покрај тоа, Шпанија е една од ретките европски земји без значајна десничарска партија. Но одлуката на германски суд да го ослободи сепаратистичкиот лидер Карлес Пучдемон ги влоши билатералните односи. Меѓутоа, кредибилитетот на двајцата шефови на влади во однос на Каталонија не е нарушен. Ангела Меркел секогаш истакна дека ја отфрла независноста на Каталонија.

Италија 

Ангела Меркел поддржуваше многу добри односи со левоцентристички премиер Џентилиони и го сметаше за реформатор и Европеец. Но, по изборите во март, ситуацијата во Италија целосно се промени. Партијата на Џентилиони ги загуби изборите и на власт дојдоа евроскептици и десни популисти - од движењето "Пет ѕвезди" и од "Северна лига". Тие веднаш дадоа до знаење дека не ги интересираат стабилизационите критериуми на ЕУ, иако Италија е заглавена до гуша во долгови. Иако не е јасно каква точно влада ќе биде формирана во Италија, Рим ќе биде тежок партнер за канцеларката Меркел.


Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти