26 Април, 2024
0.0283

Меркел од Грција: Името Северна Македонија е јасно

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина го користи името Северна Македонија за нашата држава, објави „Катимерини“.

„Благодарна сум на Алексис Ципрас, кој работеше со Заев за решение за номенклатурата.  Името Северна Македонија е јасно. Јасно е дека односите се формирани. Можам само да му честитам на грчкиот премиер, бидејќи решението нема да биде од корист само за Грција и Северна Македонија, туку и за цела Европа“, вели тој. 

Грчкиот премиер рекол дека разговарал со Меркел за Балканот и за важноста на Преспанскиот договор за мирот, стабилноста и развојот на регионот и Европа.

„Ја истакнавме важноста на Преспанскиот договор за регионот и за Европа. Договорот покажува дека општоприфатените решенија, без наметнување на двете страни една на друга, се изводливи“, рекол Ципрас, пренесе „Катимерини“.

Под силни безбедносни мерки, но и со протести, главно на левичарски организации и анархистички групи се одржа посетата. 

Со слогани „Меркел непожелна“, „Грција надвор од НАТО, ЕУ и ММФ“, „САД не е потребен“, во центарот на грчката престолнина и пред канцеларијата на ЕУ протестираа левичарски организации, анархистички здруженија и припадници на Златна зора. Сметаат дека Меркел доаѓа во Грција да промовира посебни германски интереси на Балканот.

Меркел утре ќе ја прими грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а во резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина, утре напладне, Меркел ќе има средба и со лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Од опозициската Нова Демократија на Меркел ќе ѝ ја повторат позицијата во однос на Договорот од Преспа, дека партијата нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во актуелниот, ниту во следниот парламент. Премиерот Ципрас и министерот за одбрана и коалициски партнер во Владата Панос Каменос ќе одржат средба утре на која ќе разговараат за опстанок на владината коалиција. Ципрас вели дека ако лидерот на Независни Грци се одлучи да ја повлече довербата во Владата, ќе бара гласање за доверба.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек