МЕРКЕЛ ВО ЗАГРЕБ: Како гледа на новата методологија која ја предложи Франција?
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2019
Подготвени сме да разговараме за методологијата на преговорите со ЕУ, вели германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа денеска во Загреб изјави дека нејзината земја е подготвена да разговара за тоа што би можело да се промени во методологијата за преговори во процесот на проширување на ЕУ.
„Што се однесува на Албанија и Северна Македонија, ние ќе дадеме се од себе нивниот процес на приближување кон ЕУ да оди понатаму“, рече хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.
Пленковиќ додаде дека за Хрватска е важно да најде решение за отворање на пристапните преговори со Албанија и Република Северна Македонија и изрази жалење затоа што не биле отворени досега, пренесува „Јутарњи лист“.
За францускиот предлог за методологија за прием на нови членки во ЕУ, Пленковиќ повтори дека рамката за преговори, која моментно се користи и за Србија и за Црна Гора, има можност за суспензија на секое поглавје и враќање на веќе привремено затворените поглавја. а во тоа е вклучена и реверзибилноста на процесот.