19 Април, 2024
0.0257

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЈАЗИКОТ: Повик до Французите помалку да користат англиски зборови

Објавено во: Свет 05 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Франција ќе го намалува влијанието на англискиот јазик.

Францускиот министер за култура Франк Ристер ги поттикна Французите да го намалат употребувањето на англиските зборови во нивниот говор. 

Ристер ја изнесе молбата синоќа на социјалната мрежа Твитер по повод 25-годишнината од донесувањето на законот за употреба на францускиот јазик на телевизија и радио.

Сепак, беа упатени критики кон ваквите патриотски гледишта, бидејќи многу француски бизнисмени, па дури и претседателот Емануел Макрон, честопати употребуваат англизми во нивните говори.

„Врвни француски компании редовно употребуваат англиски слогани наместо француски, како што се рекламите на Рено со наслов „Never too much“ (Никогаш премногу), и постерите на „Ер Франс“, „France is in the air“ (Франција е во воздух) “– истакна Кристоф Куртоа, извршен директо на француското кино. 

Франција е земја горда на своите јазик и култура, и постојано е во борба да го заштити од влијанието од англискиот јазик и американскиот начин на изразување кои ги нарекуваат „англосаксонизми“.

Законот Лој Тобон од 1994 година, наречен по тогашниот министер за култура Жак Тобон, ја направи употребата на францускиот јазик задолжителна на телевизија, што значи дека сите програми кои не се ја француски јазик се синхронизирани, а 40 отсто од времето музичките програми во текот на денот емитуваат француска музика.

Во 2006 година францускиот претседател Жак Ширак напушти самит на Европската Унија во знак на протест откако францускиот шеф за одделот на индустрија се обрати на водачите на Унијата на англиски јазик.

Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами