24 Април, 2024
0.0285

Мерсел Биљали смета дека Европската економска зона за нас е добра шанса

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Мерсел Биљали, политички аналитичар, но и советник на премиерот Зоран Заев, смета дека за Македонија е добра идејата за Европска економска зона. 

Во своја колумна за Цивил тој пишува дека по ветото од Макрон, веќе се бескорисни утешните изјави од Јункер за „големата историска грешка“ и дека тоа ќе било привремено. Или на Туск дека „се чувствува посрамен“. Или утехата на Џузепе Конте, дека пак ќе предложи преговорите за членство на овие две држави да се „рестартираат“. 

„Во право е само Соломон Паси кој вели дека „Путин веројатно отворил флаша шампањ“ кога слушнал за одлуката. А од небото се гледа дека ако не се преземе нешто, во регионот видно ќе растат силите кои заземаат поинаков поглед за овдешните ориентации и приоритети. Од ЕУ имаме само убаво тапкање по раменици, а се помалку искреност. А кога сето тоа ќе се помеша со влијанието на криминалот во регионот, тогаш ќе добиеме хорор слика која од далечина ќе наликува на Макрон. Во Србија веќе „привремено“ ги имаме софистицираниот руски ракетен систем „С-400“ и „Панцир“, а и хеликоптерите Ми-35 и Ми-17. Јасно како ден е дека едни големи сили сакаат конфликт во регионот за да ги постигнат некои нивни важни цели, во некој постконфликтен пазар. Тоа неофицијално ни го кажа Мичел, а официјално Помпео“, пишува Биљали.

Според него, не се во право тие кои сметат дека опасност за Балканот нема, оти НАТО е многу присутна, сега и со Црна Гора и Северна Македонија. 

Но, продолжува тој, има излез. Сега имаме две опции, вели, кои дури може да се соединуваат во една заедничка корисна комплементарна опција. Првата е западнобалканскиот заеднички пазар на сите шест земји (пазар од 20 милиони луѓе). 

„Второто е уште поатрактивно, ако се комбинира со првото. Тоа е претполитичката интеграција на државите од западен Балкан во Европската економска зона – ЕЕА (European Economic Area). Тоа е скоро како полноправна членка во ЕУ пазарот по сите важни параметри, освен што не се учествува во органите и политичките институции на ЕУ. Таков статус сега имаат Норвешка и Исланд. Норвешка, чие население два пати со референдум го има одбиено членството вo EУ, сепак перфектно функционира во заедничкиот пазар. Спогодбата за четирите слободи (луѓе, капитал, стоки, услуги), кој би бил склучен меѓу државите од западен Балкан, а и со ЕУ како целина, може видно да ја забрза динамиката на економскиот развој и зајакнувањето на конкурентските капацитети на овдешните компании. Би се отвориле многу нови работни места и видно би зајакнал животниот стандард. Во јавноста веќе проструи идеја за привилегирано партнерство, а германскиот експерт Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност, нуди малку поинаква опција која би и дала предност на економското интегрирање. Привилегираното партнерство од балканските држави би направил држави од втора категорија во клубот на ЕУ, додека членството во ЕЕА како заедничка економска зона, рамноправно би ги третирала овдешните земји како економски партнери. Државите селективно би добиле и помош од ЕУ во зависност од квалитетот на реформите што би ги правеле. Тука би се вклучиле и субвенциите, заштитата на потрошувачите, животната средина, статистиката итн“,вели Биљали.

Со тоа, нагласува, овдешните реформи би добиле на динамика, без условувања и уцени, а по стабилизирањето на состојбите во самата Унија овдешните држави би можеле да ги започнат преговорите кои многу пократко би траеле, оти државите од регионот видно ќе напредувале во секоја област и тивко би се приближувале до стандардите на ЕУ. Тогаш преговорите би биле чиста формалност. 

„Но, тука е важно првин овдешните држави да се координираат меѓу себе и да не се занесуваат дека се многу понапред со преговорите. Судејќи  по Макрон, Црногорците треба долги години да преспијат за да го сонуваат вистинскиот европски сон. Треба многу да се работи, оти кај нас операцијата делење е многу поизразена од операцијата множење“, пишува овој политички аналитичар.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи