23 Април, 2024
0.0259

Месечен берзански преглед – јануари 2018

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во првиот месец од годинава, забележан е силен раст на глобалните пазари на капитал. Индексот MSCI, пресметан во заедничката евро валута, порасна за повеќе од 2 проценти на месечно ниво. Растот беше најголем кај пазарите во развој, при што индексот MSCI BRIC ја зголеми својата вредност за речиси 8 проценти.

Најпознатите американски берзански индекси S&P 500 и Dow Jones во јануари продолжија да растат и достигнаа нови рекордни вредности. Остварениот раст е нешто помал, согледано од перспектива на европските инвеститори, со оглед на тоа што вредноста на еврото во текот на месецот порасна за 3,4% во однос на американскиот долар.

Гледано по сектори, најмногу се зголемија вредностите на компаниите од индустријата на добра за дискрециона потрошувачка, додека најголем пад е регистриран во добавувачката индустрија. Намалувањето на вредноста на акциите во овој сектор е логична, со оглед на повисоката кредитна изложеност на компаниите, која би можела да резултира со зголемување на нивните финансиски издатоци, во случај на зголемување на каматните стапки. 

Приносот до достасување на десетгодишните американски државни обврзници на крајот од месецот изнесуваше 2,7%, што е највисока забележана вредност по 2014 година. 

Американската централна банка на јануарската седница не донесе одлука за зголемување на каматните стапки. Ова беше и последната седница со која претседаваше сега веќе бившата претседателка на федералните резерви - Janet Yellen.

Според последно објавените податоци, економскиот раст бележи благо закрепнување и изнесува 2,5% на годишно ниво. Стапката на невработеност се задржа на исклучително ниско рамниште со 4,1%, што е најнизок измерен процент во последните 17 години.

Во еврозоната пак, согласно последните објави на Евростат, економскиот раст изнесува 2,7% на годишно ниво. Расте и довербата помеѓу потрошувачите, која во јануари беше на највисоко ниво во последните неколку години.

Европската централна банка на својата јануарска седница обзнани дека промената во каматните стапки е малку веројатна за оваа година. Независно од позитивните извештаи за економскиот раст, ЕЦБ сеуште се соочува со исклучително ниската инфлација.

Во Германија на пример, најголемата економија во Европа, порастот на цените во јануари, измерен на годишно ниво, изнесуваше само 1,6%, што е далеку под очекувањата.

Приносот до достасување на 10-годишните германски државни обврзници се зголеми за 0,3 процентни поени и на крајот од јануари изнесуваше 0,7%. 

Вложувањата на пазарите во развој во периодов испорачаа највисоки приноси. Во рамките на БРИК државите силно пораснаа цените на издавачите од Бразил, Русија и Кина.

Цената на суровата нафта исто така се зголеми. Барел од црното злато за прв пат по 2014 година достигна 70 долари на Лондонската берза. 

Вредностите на регионалните берзи пораснаа за повеќе од 6%, мерено според берзанскиот индекс Stoxx Balkan ex TR & GR. Во растот најмногу предничеа романските хартии од вредност.

Словенечкиот берзански индекс SBITOP во јануари порасна за повеќе од 3%, при што најголем раст е забележан кај акцијата на Luka Koper.

Домашниот МБИ10 исто така забележа моќен раст од 11,25% во текот на месец јануари. Анализирано по елементите кои го сочинуваат македонскиот берзански индекс, најголемо зголемување на цената е забележано кај акциите на Комерцијална банка АД Скопје со цели 21,32%, Стопанска банка Битола со 12,18%, по што следат Гранит Скопје со 11,14% и Алкалоид Скопје со 10,62%. 

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска