25 Април, 2024
0.0296

Месната индустрија „предупредува“ на можен драстичен раст на цените на производите

Објавено во: Економија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина  за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите на сувомеснати производи. Предупредуваат дека во спротивно сувомесните производи ќе поскапат за 15 - 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството со што 500 семејства во еден регион ќе останат без работа.

Како што информираа на прес-конференција, барањето за продолжување на безцаринскиот увоз на суровина ќе биде и официјално доставено до Владата.

- Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата. Готови производи влегуваат во земјава со нула отсто царина, а ние при увоз на суровина за да ги произведеме истите тие готови производи плаќаме 20 – 30 отсо царина. Проблемите ќе бидат се понагласени со реализација на Отворен Балкан, така што ќе дојде или до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството - рече претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев.

Тој порача дека Групацијата бара ослободување од царинските давачки по примерот на другите индустрии во земјава кои исто така користат суровини за преработка.

- Владата да го растовари стопанството од политика и да не носи мерки кои се штетни за него и кои влијаат негативно врз Буџетот. Ако сака да интервенира, тогаш нјека интервенира кај социјално ранливите категории преку ваучери за купување домашни прооизоди или плаќање комунални такси, а не преку ноќ да менува законски одредби и даночни основи или да замрзнува цени - порача Трајчев.

Според Васко Ристовски од Стопанската комора, до надлежните навреме било доставено барање за безцарински увоз, но „неофицијалните сигнали се дека нема расположение за продолжување на мерката“.

- Мерката се продолжува веќе четири години, секои шест месеци. Сега немаме никаков одѕив и затоа апелираме мерката да продолжи. Од тоа ќе зависи и дали преработките ќе поскапат за најмалку 15 -20 отсто по 5 – 6 јуни. Тоа не можеме да се спречи и на тој начин, домашните производи ќе бидат поскапи од увезените - укажа Ристовски.

Осврнувајќи се на останатите предизвици со кои се соочува домашната месна индустрија, Ристовски информира дека од Нова година досега цените на суровините значително пораснаа. Пченицата од 400 евра за тон сега е 1 200 евра, а пченката од 300 евра, сега е 800 евра за тон. Дополнително, рече, поскапени се и енергенсите.

- Уште пред четири години Владата помогна со интервентна мерка за ослободување 50 отсто од царината на потрошената увезена суровина. Во овие исклучително тешки услови, најмалку што може да направи сега, е да ја продолжи оваа мерка за уште шест месеци ако сакаме месната индустрија да опстане - напомена Ристовски.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?