Место не ги фаќа! Каде сега ќе завршат 22,7 отсто акции на ЗК „Пелагонија“ вредни 1,73 милиони евра?
Објавено во: Економија 24 Септември, 2024
Акциите кои ги поседува најголемиот акционер во ЗК „Пелагонија“ сменија два сопственици во само две седмици. Вчера нив ги продаде и „Орка Холдинг“ откако ги купи пред неполни две седмици од нејзината фирма-ќерка „Софија градба“. Каде сега завшрија тие акции ќе знаеме идниот понеделник
Само што Централниот депозитар објави кој е новиот сопственик на 22,7 отсто акции во ЗК „Пелагонија“ тој се премисли и акциите добија нов сопственик.
На Македонската берза за хартии од вредност вчера помина блок трансакција во која по цена од 2.319 денари за акција беа продадени акциите кои две недели претходно скопската фирма „Софија градба“ ги продаде на Орка Холдинг.
Кратко време „Орка Холдинг“ беше најголем поединечен акционер во ЗК „Пелагонија“ најголемата македонска аграрна компанија. За нецели две недели Орка Холдинг во блок трансакција ги продаде акциите кои претходно ги купи од нејзината фирма подружница „Софија градба“ односно популарно кажано „фирма – ќерка“.
Цената на двете големи блок трансакции е идентична. Односно таа изнесува 2.139 денари за акција. Тоа е значајно пониска цена од берзанската која изнесува 3.610 денари за акција.
Неофицијални извори шпекулираат дека е можно акциите од „Орка Холдинг“ во вчерашната блок трансакција да се вратени кај фирмата-ќерка „Софија градба“. Тоа официјално ќе знаеме дали е точно или не идниот понеделник кога Централниот депозитар повторно ќе ги објави сопствениците на повеќе од 5 отсто од акциите во сите акционерски друштва кои исполнуваат законски услови и имаат обврска јавно да ги објават своите големи акционери.
Не е директно врзано за темава, но е добро да се знае дека вчера на Македонска берза стигна уште едно известување врзано за компанијата „Софија градба“. Имено таа фирма овој период ги продаде сите свои акции во „Жито Полог“ од Тетово. Станува збор за 5,13 отсто од сите со право на глас во таа компанија.
Повеќе детали на оваа тема на следниот линк https://faktor.mk/se-dozna-koj-e-kupuvachot-na-blizu-23-otsto-od-akciite-na-zk-pelagonija-bitola---eve-koj-e-noviot-akcioner-na-bitolskiot-kombinatg
Што најмногу вреди во ЗК “Пелагонија“?
Повеќе детали на оваа тема „Фактор“ објави на следниот линк https://faktor.mk/zk-pelagonija-na-slatki-maki-shto-kje-napravi-so-82-milioni-evra-dobivka
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.