Метеорологот Попоски најавува мрачно и спарно време
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2018
Метеорологот Славчо Попоски вели дека во недела ќе имаме нагло и големо затоплување на времето како и засилување на ветерот од југозападен и од западен правец, а токму со ова ќе подпаднеме под влијание и на изразено југозападно и западно воздушно струење кое ќе услови транспорт на прашина и песок од Сахара, релативно висока влажност во воздухот која ќе услови многу мачно и спарно време.
„Многу лошо ќе влијае и наглата промена на времето и падот на температурите на воздухот кој ќе започне веќе од самиот почеток на следната недела. Особено од вторник температурите ќе опаднат речиси за близу 10тина степени, а циклонот Флоријан повторно ќе се интензивира, па така ќе има и дестабилизирање на времето кај нас која ќе го зголеми условите за врнежи, грмежи и условите за локално невреме“ - вели Попоски.
Најтопло ќе биде во недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.