Метлата прва „заигра“ по нив: кој ќе биде следен на чистката
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2019
Операцијата „метла“ почна во општинските организации на владеачката партија.
Премиерот прво реши да ги разреши претседателите на општинските организации на СДСМ.
Согласно одлуката на Заев разрешени се сите 78 општински ограноци на партијата а постапка за избор на нови локални раководства според најавата треба да почне веднаш.
Најавените промени во извршната власт и јавните институции премиерот ќе ги почне од следниот месец. Засега не е познато која институција прва ќе доживее промени, но извесно е дека тие ќе се случат и во општествениот сектор, а тоа се јавните претпријатија, министерства и во сите владини институции.
Читајте ја и анализата на Фактор :
Дали Ахмети му ја скри „метлата“ на Заев - Засега без конкретни имиња за смена