23 Април, 2024
0.0262

Ми-Да Гранд Моторс - нов импортер на возила и резервни делови на Hyundai

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber


Ми-Да Гранд Моторс е новиот единствен овластен импортер на возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Македонија. Со денешното отворање на новиот продажно-сервисен HYUNDAI центар, Ми-Да Гранд Моторс прераснува во сериозен автомобилски центар на македонскиот пазар со богата понуда на возила во еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Салонот и сервис центарот на Hyundai се сместени на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, до салонот на Форд, и тука може да се набават најновите модели од палетата на брендот HYUNDAI. Освен нови возила, Ми-Да Гранд Моторс нуди и единствен овластен сервис за сите возила во гаранција, но и за сите останати HYUNDAI возила во Македонија.

Според генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири, компанијата станува сериозен автомобилски центар каде може да се купат возила од брендовите FORD и HYUNDAI, како и да се набават користени возила од сите брендови што се продаваат под  балканскиот бренд Аутото.

„Навистина сме горди што во нашиот автомобилски центар отсега ќе можеме да ги нудиме возилата од брендот HYUNDAI. Тоа зборува за сериозноста на Ми-Да Гранд Моторс да биде прва на балканскиот пазар и за нашиот сериозен пристап кон работењето со светски брендови. Ова ја покажува и нашата сериозност да понудиме квалитетен сервис за нашите клиенти, да понудиме врвна услуга и да создадеме задоволни клиенти. Ги повикуваме граѓаните да создадат ново искуство во автомобилскиот свет“, рече Заири пред присутните гости на денешното отворање на новиот продажно-сервисен HYUNDAI центар.Од Ми-Да Гранд Моторс нагласуваат дека тие се единствениот овластен продавач и сервисер на брендот HYUNDAI на територијата на Р. Македонија.

Од новиот продажен центар ги повикуваат заинтересираните граѓани да се пријават за тест возења на HYUNDAI возилата.



Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена