Мицкоски бара проверка на сите обвинители од СЈО за случајот „Рекет“
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019
На само неколку
часа пред средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја информираше
јавноста за тоа дека неговата партија одлучила да изработи сопствено решение за борбата со
криминалот и корупцијата во земјава.
Мицкоски во своето обраќање истака дека пред обвинителите од СЈО да можат да конкурираат за работа во новото Јавно обвинителство за криминал и висока корупција, да се проверат, да бидат чисти пред законот па дури отпосле да можат да конкурираат.
„ Детална истрага за случајот „Рекет“проверка и детална истрага за директната или индиректната вмешаност на сите обвинители од СЈО, дури откако ќе се констатира дали биле или не биле дел од случајот „Рекет“ да имаат можност да конкурираат за работа во новото Јавно Обвинителство за криминал и висока корупција“, потенцира Мицкоски
Исто така, тој потенцираше дека предогот на ВМРО ДПМНЕ е и специјалните обвинители да се вратат во своите матични обвинителства.