19 Април, 2024
0.0265

Мицкоски: Четвртиот пакет мерки ќе ја продлабочи кризата - економијата пропаѓа

Објавено во: Економија 27 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Четвртиот пакет на мерки на мафијата во владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа. Четвртиот пакет практично не само што е задоцнет, не само што нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба која што е во државата. Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски неколку кој држеше денеска прес конференција неколкумоменти по завршувањето на обраќањето на премиерот Зоран Заев на кое тој ги презентираше мерките од четвртиот пакет антикризни мерки. Мицкоски вели дека овој пакет мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми. 

„Во продолжение ќе ми дозволите да дадам краток коментар на дел од бомбастично најавуваните т.н. мерки за помош на граѓаните и македонската економија. Ќе започнам со две мерки кои што беа дел од третиот пакет антикризни мерки кои што бомбастично беше најавуван од тогаш владата на Спасовски и Заев. И тоа најпрвин првата, а тоа е 150 милиони евра државна гаранција за компаниите кои што ќе земат практично кредит од комерцијалните банки. Оваа мерка требаше да се реализира во периодот септември месец. Септември месец еве полека но сигурно завршува, а од мерката ниту трага и глас, истакна Мицкоски.

Како што рече лидерот на опозицијата, втората мерка која што исто така беше дел од третиот пакет сет мерки за помош за македонските граѓани и македонската економија, тоа околу 31 милион евра евтини кредити со субвенционирана каматна стапка од страна на Владата и 30 отсто грант за компании управувани од жени кои вработуваат млади луѓе извозно ориентирани, исто така требаше да се реализира почнувајќи од месец септември, но месец септември повторно завршува од мерката ни трага ни глас. Брутална лага и брутална предизборна манипулација за реализирање на талибански избори.

- Понатаму третата мерка со која Зоран Заев ја заврши неговата би рекол прес конференција во Владата, а тоа е викенд без ДДВ, пред изборите ни беше бомбастично најавувано дека во септември месец секој викенд  граѓаните ќе го користат купувајќи, а при тоа ќе биде одземена сумата која  што ќе ја платат како данок на додадена вредност. Септември месец помина, а денеска гледаме како на лажичка повторно на граѓаните им се ветува дека тоа всушност нема да бидат четири викенди, туку тоа ќе биде еден викенд и тоа во месец октомври, оној празничен викенд помеѓу 10 и 12-ти октомври и нема тоа да биде без ограничувања како што тоа беше ветувано во предизборието, туку тоа ќе биде со ограничување од 30.000 денари и нема да биде намалена цената која што ќе платат, туку тие ќе го финасираат данокот на додадена вредност, потоа тие ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30.000 денари тогаш ќе чекаат од страна на министерството за финансии да им го врати данокот на додадена вредност. Уште една брутална лага, којашто беше дел од спроведените талибански предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски. 

Вели дека картичките се исклучително квалитетен метод и принцип на институционален поткуп кои што досега функционирал кај Зоран Заев. 

„Сега тие картички се намалени од 9.000 денари на 6.000 денари, со главен акцент и фокус на луѓето кои земаат пензија, а таа пензија е под 15.000 денари. Ќе ве потсетам дека во минатото брутално со интервенција во законот им беше намалена пензијата на стотици илјади пензионери, денеска обидувајќи се да се прикаже како милосрден, Зоран Заев се обидува сето она кое многукратно повеќе им го зема во минатото преку картички од 6.000 денари на одредена група на пензионери да им го надомести. Пензионерите знаат точно колку во минатото им беше украдено од страна на Зоран Заев и Владата која тој ја предводеше и ваквиот мафијашки начин на однесување ќе биде брутално казнет од страна на тие исти луѓе, рече Мицкоски. 

Додаде и дека е загрижувачки момент, што Влада на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални случаи, па ги стави го групата на социјално ранливи категории и со срамни 6.000 денари еднократна помош 

И сосема на крај, парите за овие мерки, за да имаме побогата мафија, а посиромашни граѓани, мафијата ги нема, туку дополнително треба да се позајми од извори дома и од извори надвор, за да може да врши институционален поткуп. А, со тоа ќе се зголеми државниот и јавниот долг, со тоа ќе се зголеми дефицитот на буџетот, а тоа на крајот на денот ќе го платат сите граѓани солидарно без исклучок и на вера, нација и на социјална положба, додаде Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите