Мицкоски: Доколку ја предводам следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поништам одлуката за Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020
Оваа теза вчера ја постави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, засега како непотврдена информација од дипломатски кругови, додека актуелната Влада експресно ја демантираше уште истиот ден.
„Ова ќе биде апсолутно на негова одговорност, владина одлука која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја предводам јас, веднаш таа одлука ќе ја поништи и нема никогаш понатаму да ја почитува истата-најави Мицкоски“, рече лидерот на најголемата опозициска партија.
Тоа според Мицкоски значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава, како и дополнително понижување.