19 Април, 2024
0.0309

Мицкоски: Двоецот Заев-Анѓушев со инвертер климите ќе им ги зголемат сметките на домаќинствата

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев преку мерката за исплата на 10 милиони евра од Електрани на РСМ, со тоа што 10.000 домаќинства ќе имаат можност да набават инвертер клима уреди до 1.000 евра, е корумпирање на гласачите во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, градовите за каде првично е предвиден овој проект.

„Инвертори за гласови и продолжување на политичката кариера на Заев и Анѓушев. Еурека! Борбата на Владата со загадувањето ќе била преку субвенционирање на граѓаните за набавка на клима уреди, инвертор во вредност од илјада евра. Всушност ова е дрзок обид на двоецот Заев-Анѓушев за корумпирање, а со цел опстанок на политичката сцена и продолжување на оваа агонија во која ја однесоа татковината на начин што ќе ги злоупотребуваат средствата на граѓаните. Милиони народни пари ќе потрошат за да се обидат да опстанат и да продолжат со декаденцијата, неправдите, неуспехот, срамот, понижувањата, арамилукот, октоподите во општеството, рекетот и уцените, богатењето на една привилегирана каста на луѓе додека градовите се празнат и некој наш сосед, колега, пријател, роднина ги полни куферите и се сели не можејќи сето ова да го живее“, напиша Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициска партија вели дека народот не сака кога некој се обидува со „жолтици“ да го поткупи пред парламентарните избори најавени за следната година. Тој додава деке инверторите ќе трошат струја од РЕК Битола и Осломеј како најголеми загадувачи, а сметката од инверторот ќе се зголеми за најмалку од 4.500 до 6.000 денари.и дека може да затоплува само мали простории при екстремни температури. Додава дека семејствата ќе имаа дополнителни трошоци од 45-50 евра за вградување и дека трговскиот дефицит со странство ќе се зголеми уште повеќе.

„Веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го рестартира проектот за изградба на секундарната и терцијалната гасификација на Македонија. Преку вистинска субвенција граѓаните да можат да добијат достап до вистински еколошки ресурс, одржлив, функционален и економиченНов проект на стимулација на граѓаните во насока подобрување на термичките перформанси на фасадите на домовите за најмалку 50% од тоа што се сега“, коментира Мицксоки.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени