25 Април, 2024
0.0272

Мицкоски и The Hateful eight - Ќе се спречи ли Законот за СЈО без ВМРО?

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и независната група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ имаа средба во Собранието. Озлогласената осумка по која се фрлаше дрва и камења дека е прддавничка затоа што гласаше за уставните измени и со тоа го овозможи спроведувањето на промената на името во Република Северна Македонија сега ќе треба да донесе уште една важна одлука. На кој начин ќе учествува во евентуалното гласање за новиот Закон за јавното обвинителство во кое се состои и "лекот" за СЈО.

Христијан Мицкоски на негова иницијатива одржа средба со одметнатите "The Hateful eight" кои беа исклучени и од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа штури официјални информации за тоа што било суштина на разговорите меѓу опозицискиот лидер и осумте независни пратеници, освен дека говореле за актуелната политичка состојба и за реформските закони.

Во ситуација кога разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата во Министерството за правда се доведени во ќор сокак постои опција двотретинско мнозинство да се добие на сличен начин како и за уставните измени. Така исклучучената осумка може да биде пресудна да изгласа продолжување на мандатот на СЈО во рамките на редовното Јавно обвинителство но, со поголем степен на автономија, со истиот кадар каков што го има сега и со прифаќање на сите започнати истраги за кои може да има и обвиненија без оглед кога биле покренати, односно и по истекот на предвидениот рок во јуни 2017.

Доколу не се постигне компромис меѓу власта и опозицијата, а се тргне кон лов на гласовите на Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Зеќот Рамчиловиќ, Владанка Авировиќ, Нола Исмајлоска Старова, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, постои опасност од нова политичка криза и наметнување на решение кое нема да има голема поддршка кај партискиот естаблишмент.

Дополнително, решение кое не е прифатливо за ВМРО ДПМНЕ уште повеќе ќе ги засили обвинувањата за селективна амнестија и селективна правда. Секако, треба да се земе во предвид бројот на осомничени членови на ВМРО ДПМНЕ со новите истраги на СЈО за кои се чека да се отпочнат судски постапки, а досега собраните докази да се употребат во целосен капацитет.

Мицкоски секако, покажа дека со ваков вид на средба со исклучените сопартијци е подложен на критики дека е "пишман аџија", но доколку мандатот на СЈО продолжи и се верификува со вмровски гласови, тогаш последиците врз неговата лидерска позиција би биле уште поголеми.

Идеално сценарио секако нема бидејќи кривична одговорност за сите кои сториле злодела од неговата партија мора да постои, но барем Мицкоски да учествува во решение кое ќе овозможи системска реформа на обвинителството, поставување на правни стандарди и принципи без оглед кој е на власт и кој на која партија и припаѓа да се соочи со словото на законот како и секој обичен граѓанин кој нема партиска моќ или привилегии.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет