МИЦКОСКИ ИМ ПОСАКА СРЕЌА НА СНОПЧЕ И АХМЕТИ: Снопче му одговори на премиерот
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2024
Пораки за среќа им испрати премиерот Христијан Мицкоски на коалиционите партнери од „Вреди“ и на опозициската ДУИ, откако едните се заканија дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранителите, а другите најавија протести за укинувањето на балансерот. Пратеникот Халил Снопче во телевизиска емисија ја најави можноста да излезат од владејачката коалиција ако се укине Законот за употреба на јазиците и ако се донесе Законот за бранителите.
Премиерот беше со идентичен одговор и на прашањето за вчерашната изјава на Ахмети, дека ќе протестираат доколку се укине балансерот.
Снопче изјавил дека одговорот што денеска го добил од премиерот Мицкоски не значи дека на албанскиот партнер од владината коалиција му се покажува вратата за излез од Владата.
Сепак, во изјава за „Lajm press“, Снопче рекол дека ако дојде до тоа, и тој му посакува среќа на Мицкоски, како што претходно му посака премиерот.
„Премиерот, секако, даде таква изјава бидејќи мислам дека и тој е свесен од каде доаѓаат овие иницијативи. Посвесни од нас дека некој сака да фрли искри на криза во владеењето. Значи има поголемо искуство и мислам дека веќе не е релевантно. Нормално, вели ако некој ја напушти власта, ние му посакуваме среќа и велиме, им посакуваме и на сите среќа ако дојдеме до тоа ниво. Тоа е нормална изјава, тој е премиер. Ние имаме свои автономни политики, ние сме партнер, но кога партнерството не функционира, тогаш тоа е многу нормално, секој на свој начин. Тоа е прифатено со спортски дух, нема ништо трагично во ова. И сигурно во иднина ќе функционираме како баланс на силите до реализација на нашите програмски определби“, посочил Снопче.
Мицкоски претходно рече дека не работи под уцени и закани. Законот за бранители е заглавен во собраниските процедури.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.