19 Април, 2024
0.0339

Мицкоски избега од одговор на Заев: Ќе се повлече ли ако Силјановска ги изгуби изборите?

Објавено во: Македонија 27 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Опозицискиот лидер го заобиколи прашањето на премиерот Заев дали ќе понесе одговорност доколку кандидатката за претседател од редовите на ВМРО ДПМНЕ доживее пораз на претстојните избори.

Христијан Мицкоски не даде конкретен одговор туку рече дека партијата го избрала и тој има мандат.

Од друга страна пак премиерот и лидер на владеачка партија Зоран Заев прифати предвремени парламентарни избори доколку кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ги избгуби изборите.

Заев и Мицкоски ги вкрстија ракавиците, но нокаутот ќе го чекаат на избори

Вториот директен ТВ дуел меѓу лидерите на власта и опозицијата донесе многу пожестока реторика, поконкретни одговори, но и меѓусебни обвинувања за водење штетни политики врз државата. Заев и Мицкоски имаа над два часа простор да дадат одговори на жешки прашања кои го окупираат јавното мислење како што е реформата на правосудството, прифаќање на Договорот од Преспа, непотизмот, водењето на изборната кампања и создавање услови за фер претседателски избори, евроатлантската иднина, а сосема малку посветија внимание на економските прашања.

Грешки, лапсуси и „мрчење“

Соочувањето меѓу Заев и Мицкоски помина во добар дел со воздржување од етикетирање и навреди, освен кога двајцата ги споменаа татковците еден на друг. Мицкоски откри дека таткото на Заев бил обвинет за кражба на струја, додека пак премиерот посочи дека професорот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ е пример за директен непотизам како асистент на факултет на неговиот татко. И двајцата беа принудени да дадат аргументи зошто ваквите обвинувања не се вистинити. Исто така Заев користеше послободен говор дека опозицискиот лидер „мрчел“ за висината на казните за осудените за Крвавиот четврток. Мицкоски, пак прашан за лапсусот со споредбата на судењето на 27 април со Нирнбершките процеси не се повлече од изјавата, туку дополнително ја зацементираше погрешната позиција дека мислел на изречените драконски казни иако во овие судење се осудени Нацистите за најтешките воени злосторства во историјата на човештвото.

Целата анализа читајте ја тука.

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо