20 Април, 2024
0.0285

Мицкоски: Лага е дека ќе има бесплатно здравство и образование во ЕУ

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски како гостин во телевизијата ТВ21 изјави дека е неточна пораката од референдумската кампања дека македонските граѓани ќе имаат право на бесплатно здравство и бесплатно образование во Европската унија кога Македонија би станала земја-членка.

- Нема да има бесплатно здравство и бесплатно образование. Ако е така зошто Грци доаѓаат поевтино да се лекуваат во ординациите во Битола и Гевгелија, а тоа не го прават во својата земја или во некоја друга земја од ЕУ - рече во една прилика лидерот на опозицијата.

Христијан Мицкоски во вечерашното издание на Click Plus не даде одговор на прашањето што доколку референдумот биде успешен, односно дали ќе гласаат за уставни измени.

– Ако референдумот е успешен и ако мнозинството граѓани се изјаснат „за“ дека го поддржуваат сето ова, тогаш ситуацијата е јасна, односно, ако бидат исполнети двата услова, првиот да има цензус и мнозинството да гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна. Партијата ќе донесе свој став, но во таков случај и за нас и за целата македонска политичка јавност е јасно дека референдумот ќе биде успешен ако бидат исполенти овие два услова и тука нема дилема, рече Мицкоски прашан дали ако референдумот биде успешен ќе им каже на пратениците од партијата да ги поддржат уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Тој додаде дека иако партијата не се согласува да се промени уставното име, ќе мора да се почитува волјата на мнозинството од референдумот ако биде во контекст на промена на името.

Наведе дека нема да се чувствува како одговорен пред меѓународните поддржувачи доколку на референдумот нема барем половична излезност од гласачкото тело и легитимноста на тоа гласање биде доведено во прашање.

- Јас не сум дел од власта и не го водам овој процес. Нашиот став е множество од ставови и го одобрување секое различно мислење за референдумот - коментираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите