24 Април, 2024
0.0294

Мицкoски: Македонија е зафатена од силен ураган со име и презиме Зоран Заев

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува на ставот дека договорoт со Грција е капитулантски и дека со него се погазува интегритетот на државата и идентитетот на Македонците.

Лидерот Христијан Мицкоски, зборувајќи на протестот во Битола, порача дека на денот кога ВМРО-ДПМНЕ одбележува 28 години од постоењето, Македонија е зафатена од силен ураган. 

„Македонија е зафатена од силен ураган со име и презиме Зоран Заев. Имаме Влада која го има епитетот капитулантска. Овој ист човек ја лажеше јавноста дека нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име. На вакви луѓе дури и Барон Минхаузен може да им позавиди. Ќе го нарекуваме Заев-Минхаузен”- рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите демократски средства на „капитулацијата што денес ни ја сервираа“ и повтори дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот, со цел промена на уставното име на државата.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција