19 Март, 2025
0.0349

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2025 19:46

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . 

Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа. 

Тој посочи дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат".

Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава  за да стане член на НАТО, го промени името. Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова. 

Нашата посветеност за НАТО не може да се доведе во прашање, со многу страдање и понижувања станавме членка на НАТО- рече премиерот Мицкоски и дополни дека не е изненаден од последните случувања и најави на американската администрација.

Премиерот Мицкоски посочи дека кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.

Ги слушнав гласините во Минхен, за мешање во внатрешните прашања, но кога го менувавме нашето знаме, кога ја менувавме валутата или кога го менувавме нашето уставно име, што беше тоа? Не ли беше тоа мешање во внатрешните работи и зошто тогаш никој гласно не говореше. Дури и сега се соочуваме со барање за менување на уставот пак, доколку сакаме да почнеме преговори со ЕУ. Што е тоа? Зарем не е тоа мешање во внатрешните работи?- запраша Мицкоски.

Ние сме дел од Европа и сакаме да ги аплицираме европските вредности. Но она што се случува е нешто што е комплетно различно. Ние сме сведоци на тн “балканизација на Европа“, наместо “европеизација на Балканот“. Некои балкански земји членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел, наместо да е обратно. 

Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21 век, но во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик кој е официјален јазик на ООН од 1945 и е меѓународно кодификуван од 1977, тогаш за што зборуваме? Зошто сите молчат тогаш- потенцираше Мицкоски и посочи дека Македонија мора да добие извесност на својот пат кон ЕУ.   

Во врска пак со енергетските планови и Македонија како крстосница додаде:

„ Ова изгледа како визија за иднината на Северна Македонија која има огромен потенцијал. Да се биде копнена земја може да се смета за недостаток, но вашиот пристап- да ја искористите географската положба преку Коридорите 8 и 10 е многу стратешка.

Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море со Јадранското Море, е критичен не само за економијата туку и за НАТО, бидејќи создава силна транспортна оска од Исток кон Запад.

Истовремено, модернизацијата на Коридорот 10 може да го промени начинот на кој суровините и производите патуваат низ Европа, намалувајќи ја зависноста од далечни пристаништа како Ротердам и Хамбург. Ако пристаништето во Солун стане клучна точка за транспорт, Северна Македонија ќе добие значителна економска и геополитичка предност. 

Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ: ПОМИНАА КРИТИЧНИТЕ 72 ЧАСА, НЕМА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ, СИТЕ СЕ ВО РЕЛАТИВНО СТАБИЛНА СОСТОЈБА - најнови информации од Таравари

ДОБРА ВЕСТ: ПОМИНАА КРИТИЧНИТЕ 72 ЧАСА, НЕМА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ, СИТЕ СЕ ВО РЕЛАТИВНО СТАБИЛНА СОСТОЈБА - најнови информации од Таравари

Уапсен сопственик на кабаре во Куманово, поседувал пиротехника

Уапсен сопственик на кабаре во Куманово, поседувал пиротехника

„ИМИЊАТА НА ОВИЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СТАНАТ СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И АЛЧНОСТА“: Зошто треба да се пренесува погребот на жртвите

„ИМИЊАТА НА ОВИЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СТАНАТ СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И АЛЧНОСТА“: Зошто треба да се пренесува погребот на жртвите

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

Таравари најави истрага откако кумановец почина од предизвикана алергија во болница

Таравари најави истрага откако кумановец почина од предизвикана алергија во болница

СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво

СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат