19 Април, 2024
0.0338

Мицкоски: Не зборувам за избори кога броиме мртви

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Од власта да престанат да лицитираат датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓаните и заштитата на стандардот и ништо друго. Мора да се носат одлуки, кои нема да бидат под имресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост, рече денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прашан за изборите, Мицкоски рече дека непријатно е да се зборува за датум за избори во услови кога во земјава има рекорден број на новозаболени, почетотоци на втор бран од коронавирусот и на дневна основа има по неколку мртви. Додаде дека мора да научиме да живееме со овој вирус, но, како што рече, кога на дневна основа ќе имаме само по неколку заразени и без смртни случаи. Тој рече дека ќе стори се, како политичар, граѓанини и професор да се бори и да се справи на најдобар можен начин со оваа пандемија што не зафати.

Смета дека има несериозни луѓе во Владата за, како што рече, да се справат со сето ова што не зафати изминатите месеци.

-ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се случат тие. Математиките, диктатот и исполнувањето на желбите на Заев преку Спасовски се надвор од фокусот на вниманието на ВМРО-ДПМНЕ и во овој момент се чувствувам непријатно за да зборувам за било каков датум за одржување избори кога се уште броиме мртви и новоинфицирани на дневна основа, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека очекува откако ќе се донесе одлуката за вонредна состојба дека ќе има брифинзи каде ќе се вели дека изборите ќе бидат на 5 јули.

-Тоа значи дека таман се направени овие 14 дена за да тие се повикаат на тие 22 дена кои што викаат дека се доволни според ДИК и да речат еве на 5 јули ќе имаме избори, рече Мицкоски. Место да се зборува за мерките, сега, како што рече, ќе се занимаваме со тоа ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, а СДСМ бил тој кој ќе оди на 5 јули на избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ако има нова лидерска средба би учествувал за да разговара за иднината на државата и за здравјето на граѓаните. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?